• Sat. May 18th, 2024

Градоначалникот Костадинов им го честиташе Рамазан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед

ByЃ. K.

Apr 10, 2024

Градоначалникот Костадин Костадинов им го честиташе празникот Рамазан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед.

„Почитувани граѓани од муслиманска вероисповед,

По завршувањето на Рамазанските пости и Вашите ифтарски вечери, повторно ја дочекавте тридневната радост која ви ја дарува големиот исламски празник Рамазан Бајрам, или, како што милувате да го нарекувате, Шеќер Бајрам.

Нека и ова Ваше празнување и радување биде исполнето со љубов, разбирање, добрина, благодат и милосрдие, кои на најдобар можен начин ќе знаете да ги споделите со луѓето од Вашето опкружување.

Ви посакувам, празничните денови да ви поминат во добро здравје, расположение, семејна среќа и хармонија, како и во доследно негување на Вашата духовна традиција.

Нека Ви е честит, среќен и вековит Рамазан Бајрам – Bajram Serif Mubarek Olsun“ – стои во честитката од градоначалникот Костадин Костадинов.

By Ѓ. K.