• Sat. May 18th, 2024

Градоначалникот Костадинов и Евроамбасадорот Дејвид Гир на одбележувањето на третиот роденден на Europe House Струмица

ByЃ. K.

Feb 20, 2024

Градоначалникот Костадинов и Евроамбасадорот Дејвид Гир на одбележувањето на третиот роденден на Europe House Струмица

Денес градоначалникот Костадинов и Евроамбасадорот Дејвид Гир беа меѓу младите струмичани и присуствуваа во струмичката Градска уметничка галерија, на одбележувањето на третиот роденден на „Europe house“ – Струмица.

По тој повод, се обратија пред присутните, зборувајќи за значењето на ова катче за младите, кое е плод на извонредната соработка помеѓу Канцеларијата на ЕУ и Општина Струмица. Костадинов истакна дека, преку дружење, соработка и размена на идеи, како и со презентирање на младешката креативност, младите струмичани ги негуваат европските вредности, кои се уште понагласени со неодамнешното отворање на Младинскиот центар во Општина Струмица.

Во рамките на одбележувањето, се одржаа и oтворена панел дискусија и музички перформанс.

„Драги млади сограѓани, нека ви е со среќа третиот роденден на „Europe house“. Во скорешна иднина, некој од наредните родендени дочекајте го како европски граѓани“, порача градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.