• Sat. May 18th, 2024

Големи светски имиња на музичкиот спектакл GetEXITed на 7 септември во Струмица!

ByЃ. K.

Aug 7, 2023

На 7 септември Струмица по втор пат ќе биде центар на Балканот.

Минатата година Струмица покажа дека сака, може и успева, Големиот градски парк да го направи место на кое повеќе од 20.000 луѓе уживаа во Егзитовиот спектакл, прв и единствен во државата.

Струмица заслужено се најде на мапата на светски познатиот фестивал „Егзит“.

Струмичани со нетрпение го очекуваат второто издание на #GetEXITed – музички спектакл кој ќе понуди музичко-сценска програма со елитните светски имиња Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта.

Градоначалникот Костадинов истакна дека дополнитело ќе има информации и за останатите музички ѕвезди со кои ќе бидат исполнети музичките вкусови на различни генерации.

Струмица испишува нова страница станува препознатлива музичка дестинација на Балканот преку која се афирмира целокупното наше општинско богатство, културно – историското наследство, европските вредности и туристичкиот потенцијал.

Градоначалникот упати благодарност до организаторот на „Егзит“ од Нови Сад за укажаната чест и истакна дека на 7 септември Струмица ќе ја оправда довербата и ќе покажеме дека Струмица е една и единствена за големи спектакуларни фестивали.

By Ѓ. K.