• Sat. May 18th, 2024

Гевгелиското архиерејско намесништво организираше хуманитарна акција за социјално-ранливите категории од општина Гевгелија

Гевгелиското архиерејско намесништво организираше хуманитарна акција за социјално-ранливите категории од општина Гевгелија

По повод Божиќ, Гевгелиското архиерејско намесништво организираше хуманитарна акција за социјално-ранливите категории од општина Гевгелија. На 156 социјално-ранливи семејства им беа доделени пакети со прехранбени производи, собрани на хуманитарната акција „Подари радост за Рождество“, која започна од 15 декември.

Во хуманитарната акција учествуваа поединци, компании и самото Архиерејско намесништво од Гевгелија кои ја покажаа општествената одговорност со донирањето на прехранбени производи и средства за лична хигиена. Подготвените пакети беа доделени во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“, на самиот ден, на Божиќ.Во хуманитарната акција на Гевгелиското архиерејско намесништво учествуваше и Општина Гевгелија, која одобезбеди 200 новогодишни пакетчиња.

Поради ситуацијата со пандемијата од КОВИД-19, оваа година немаше Бадникова поворка. Но, и покрај тоа организаторите се потрудиле секое дете за Божиќ да добие подарок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *