• Sat. May 18th, 2024

Вчера никој не ја поминал границата кај каменот 59-преќутно се затвора балканската рута?

Силно полициско и воено обезбедување, затворени граници , и илјадици луѓе оставени на дождот зад оградата. Шаторите се потопија во локвите вода, очајни бегалци останаа заглавени на грчката страна од границата, откако Словенија, а веднаш по неа Хрватска, Србија и Македонија, ги затворија границите за бегалци и мигранти. Со овој чекор, и официјално се затвора балканската рута. Не знаат што ќе се случува понатаму, но поо речиси тринеделно кампување во сурови услови, премрзнети и изгладнети, немаат намера да се враќаат во Турција.

„Не се враќам. Многу ризикував да стигнам до овде, морето е толку опасно за минување. По 50 луѓе сме во еден мал брод, така што не, не се враќам. Ќе останам тука. Не одам назад.“

Македонија уште вчера никој не пуштила да помине низ нејзина територија, иако граничните служби известија дека протокот останува ист се’ додека не дојдат нови насоки од Европската унија. Веќе неколкупати македонските власти се изјаснија дека низ земјата ќе поминат толку мигранти колку што Европа може да прими, во спротивно ќе ја спушти рампата за бегалци, бидејќи како што велат, Мкаедонија нема капацитет за прифаќање и престој на бегалци и мигранти на подолг период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *