• Sun. May 19th, 2024

Во четврток ОК Струмица против германскиот ривал СВД Дирен во Купот на ЦЕВ

ByЃ. K.

Nov 20, 2023

Македонскиот одбојкарски шампион во машка конкуренција, екипата на Струмица, во четврток на домашен терен ќе го одигра првиот меч од 1/16-финалето на Купот на ЦЕВ против германскиот ривал СВД Дирен. Струмичани овојпат подготвени и комплетни ќе го дочекаат европскиот предизвик, откако пред еден месец имаа неуспешна приказна во Лигата на шампионите, пред сѐ поради неможност да настапат комплетни на квалификацискиот турнир во Бургас, Бугарија.

Од клупското раководство соопштија дека денеска ќе бидат пуштени во продажба и билетите за првиот меч со германскиот ривал кој ќе се одигра в четврток од 19 часот во салата „Парк“ во Струмица. Според најавата цената на билетите ќе биде симболична – 100 денари и ќе биде добра препорака за сите искрени љубители на одбојката да дојдат во салата „Парк“ и со своето присуство да им дадат поддршка на нашите шампиони во обидот да се направи добар европски резултат.

Реванш средбата ќе се игра на 30 ноември во Германија.

Извор: https://sportsport.mk

By Ѓ. K.