• Sat. May 18th, 2024

Во Струмица 13 млади лица се стекнаа со сертификати за спасувачи на вода

ByЃ. K.

Jul 19, 2023

Еднонеделен курс за спасувачи на вода на затворени води и аквапаркови, организираше општинската организација на Црвен Крст Струмица. Обучени се нови 13 лица кои ќе бидат подготвени за спасување и давање прва помош на лица, доколку се случи некоја незгода или инцидент во базени и аквапаркови. Курсот го водеше обучувачот со меѓународна лиценца, Кирил Стојменов, кој за канал Вис објасни кои услови треба да ги исполнува едно лице за да биде спасувач на вода.

Стојменов вели дека цела седмица работеле на повеќе техники, а една од редовните вежби било и симулација на давење со цел кандидатите да стекнат првични искуства со што ќе се соочуваат за време на нивната работа.

Стојменов потенцира дека сертификатите за обучувачи на вода се доста атрактивни за младите бидејќи им се предност при вработувања во угостителски објекти во земјава и странство. Според него годишно треба да се обучуваат барем стотина лица токму од причина што дел од младите сертифицирани обучувачи заминуваат на работа во странство.

Прилог на Сузана Мицева

By Ѓ. K.