• Sat. May 18th, 2024

Во петок, научен собир за Видое Подгорец

Универзитетски професори, истражувачи, писатели и новинари ќе бидат дел од Научниот собир што в петок ќе се одржи во храмот Свети 15 Тивериополски свештеномаченици. Темата на симпозиумот е „Книжевната оставнина на Видое Подгорец – влог во издигнувањето на современата македонска литература вонационален и меѓународен контекст“.

Научниот собир е дел од 18 те Средби под јаворите – Видое Подгорец, што од 6-8 јуни се одржуваат во Струмица и Колешино.

На 8 јуни ќе се одбележат 85 години од раѓањето на писателот Видое Подгорец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *