• Tue. May 21st, 2024

Во недела ќе започне изградбата на кружниот тек кај Жито Струмица

ByDimitar Micev

Jun 9, 2017

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ денеска ги демонтираше семафорите на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ кај Жито Струмица. Со тоа и започнаа подготовките за изградба на кружниот тек, а градежните работи ќе стартуваат во недела (11.06.2017 година). Се известуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот да го почитуваат временскиот режим за сообраќај на крстосницата додека траат градежните работи.
Општина Струмица им се заблагодарува на граѓаните за разбирањето и трпението кое што го имаа дозапочнувањето со реализација на ова ново сообраќајно решение кое значително ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот затоа што оваа крстосница е една од најфреквентните во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *