• Mon. May 13th, 2024

Во недела стрелките на часовникот одат еден час напред

Во недела стрелките на часовникот одат еден час напред

Во недела на 28 март во 02 часот ќе започне летно сметање на времето. Со тоа што стелките на часовниците ќе се поместат за една час понапред и ќе означуваат 03 часот.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање на времето.

Инаку, во 2019 година, Европскиот Парламент со големо мнозинство се изјасни за престанок на поместувањето на часот во 2021 година.

Но, одлуката остана кај владите на државите членки на ЕУ, кои треба да одлучат дали трајно ќе го задржат летното или зимското сметање на времето. И во Македонија имаше дебати и сугестии, но се уште не е донесена некоја одлука, односно најверојатно се чека како ќе одлучат другите.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *