• Thu. May 16th, 2024

Во недела Празијада во Градашорци – манифестацијата добива хумана димензија, ќе се дегустира и донира !!!

Општина Василево во недела на 04 ноември ќе ја одржи одржи традиционалната Манифестација „ Ден на празот“ која има за цел да го промовира овој зеленчук но  и Градошорци како населено место во кое се произведува најквалитетниот праз во држава .

На манифестацијата ќе има богато културно уметничка програма на која учество ќе земат ученици со рецитали и музички точки од ООУ ,,Гоце Делчев,, од Василево а свој настап ќе има и ансамблот ,, Тримери,, а ќе има и музичка програма

Посетителите и годинава ќе имат можност да набават квалитетен праз од локалните производители од Градашорци но и да дегустираат повеќе видови специјалитети со овој зеленчук. приготвени од домаќинките од ова населено место и општина Василево за симолична вредност, бидејки од годинава ,,Празијадата,, ќе биде хуманитарна. Општинските власти планираат собраните средства да бидат донирани на лица на кои им се најнеопходни.

,, Новината е во тоа што граѓаните ќе треба да издвојат симболична сума на средства која ние како организатори  ќе ја донираме  онаму каде што ќе се покаже како најнеопходно. Значи од оваа година им нудиме на граѓаните да ја покажат својата хуманост на дело и со малку средства, да направат големо дело, да помогнат на некој што и те како му е неопходна помош,, истакна градоначалникот на Василево Марјан Јанев кој ги покани  сите граѓани, во недела на 04 Ноември од 11  да го посетат дворот на црквата Св. Никола во Градашорци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *