• Fri. May 17th, 2024

Во Грција нема да има ново заклучување

Грчкиот министер за развој и инвестиции, Адонис Јоргијадис, денеска ја отфрли можноста од ново заклучување што би го ограничило движењето на вакцинираните лица.

„Имаме зголемување на новозаразени случаи со коронавирус“, изјави Јоргијадис во интервју за грчка телевизија и додаде дека во овој момент нема притисок врз здравствениот систем, пренесуваат грчките агенции.

Како што се наведува, министерот истакнал дека тие веќе почнале со мерки и дека сега е потребно мирно да се справат со новата состојба кога ширењето на делта-сојот е насекаде, како и да се следи состојбата.

Кога станува збор за можноста за целосно заклучување на земјата, министерот потенцирал дека нема можност во иднина таа да биде целосно спроведена бидејќи оние што се вакцинирани не се во опасност да завршат на интензивна нега.

Во врска со вакцинираните, министерот додал дека тие си ја извршиле својата должност и дека сега никој нема право да им каже да останат дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *