• Sat. May 18th, 2024

Во Германија повторно затворено училиште поради инфекција на коронавирус

Само неколку дена по повторното отворање, гимназијата во Дормаген, Германија, е затворена поради инфекција со коронавирус, пренесе Макфакс.

По одлуката на властите за олабавување на мерките, училиштето, по долгата пауза поради пандемијата на коронавирус, било отворено за да ги подготви учениците за матура.

„Рајнише пост“ пишува дека гимназијата е повторно затворена затоа што е потврден коронавирус кај членот на семејството на еден ученик.

Поради тоа, учениците ќе мора да се подготвуваат за матурата по дигитален пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *