• Wed. May 15th, 2024

Владо Милев избран за спортист на Струмица

ByВане Трајков

Feb 27, 2021

Одбојкарот на Џио Струмица Владо Милев ја понесе титулата Спротист на Струмица за минатата година. Тој на прогласувањето на најуспешните во струмичкиот спорт за 2020 та, доби најмногу поени од седумчленото жири кои ги бодуваше кандидатите номинирани од самите клубови. Во трката за ова признание беа предложени 14 кандидати а Милев со 82 поени го понесе ова признание. Второтo место и припадна на Сара Велкова од ЖФК Тиверија која доби 68 поени додека третото место му припадна на фудбалерот на Академија Пандев Ѓорги Стоилов кој доби 50 поени

,,Во домот на АРМ се одржа традиционалниот избор на најдобрите и најуспешните спортски екипи, тренери и спортисти во општина Струмица за 2020 година. Поради неодложни професионални обврски не присуствував на изборот, но на најдобрите во спортот им го честитам изборот и им посакувам уште поголеми успеси во оваа 2021 година. Како и досега и оваа година остануваме пријатели на сите спортисти и ја продолжуваме финансиската поддршка,, напиша на ФБ Коста Јаневски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *