• Sun. May 19th, 2024

Владата пред одлука за полициски час

Во март минатата година тогашната техничка влада, првпат во земјава, прогласи забрана за движење од 21 до 6 часот, со цел справување со првиот бран на ковид-19

Владата на денешната седница ќе одлучува по предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за воведување полициски час во земјава поради зголемувањето на бројките на заразени и хоспитализирани поради ковид-19.

Здравствените власти предлагаат полицискиот час да трае две недели, колку што е еден епидемиолошки циклус, така што ќе биде забрането движење од 22 часот навечер до 5 наутро на територија на цела држава.

Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, вчера му предложи на Главниот координативен кризен штаб воведување полициски час.

Од Министерството за здравство наведоа дека Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *