• Sun. May 19th, 2024

Владата повторно ќе отпишува долгови на јавните претпријатија

Владата повторно ќе  донесува закон со кој ќе им се отпишат каматите и ќе им се репрограмираат долговите и трошоците на јавните претпријатија кои се основани од општините, откако тоа беше направено во неколку наврати досега во изминатите години,.

Закон оди во пакет со оној со кој ќе им се простуваат каматите и ќе се овозможи плаќање на рати на долговите на граѓаните, кои заглавија по судови и извршители, заради стари обврски натрупани пред години. 

Денеска, на собраниската Комисија за финансирање и буџет, овие два закони ќе се најдат на второ читање, а се очекува дека ќе бидат изгласани и на пленарна собраниска седница до 12 февруари, додека не се распушти законодавниот дом. 

„Донесувањето на овој закон произлегува од потребата за надминување на проблемите на јавните претпријатија основани од општините, особено долговите преземени од страна на општините како нивни основачи, кои го доведуваат во особено отежнати услови нивното нормално финансиско работење и реализација на развојните активности. Проблемот се должи на огромниот износ на средства во рамки на утврдениот долг кои се по основ на камати на јавните претпријатија кон државните органи и институции и установи основани од Републиката“, се вели во образложението од Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *