Спорт

Видео: Беласица ги запали моторите, во Радовиш со подршка на Ајдуците надиграна Плачковица

Струмичките сино бели стасаа до првата второлигашка победа  и тоа во Радовиш против Плачковица која се смета за еден од главните фаворити за висок пласман. Екипата на Беласица славеше со 2:1 на тешкиот гостински терен истакнувајки се како сериозен кандидат за пласман во првата лига од источното друштво.

Плачковица поведе преку Коцев во 18 минута додека Беласица во 33 минута преку Пепи Ѓеоргиев израмни на 1:1 додека искусниот Миле Костовски во 70 минута ја донесе победата за струмичкиот второлигаш

Во текот на целиот натпревар, синобелите ја имаа подршката од навивачката група Ајдуци кои организирано отпатуваа во Радовиш да го бодрат својот тим. Беласица веќе во вторник го игра заостанатиот меч и тоа со Тиквеш од Кавадарци

 

https://www.facebook.com/belasicafc/videos/983025288506218/

 

фото radovisnews.com

Препорачуваме:

Трките се убава можност за себедокажување вели Караколев за „Ноќните крос трки“

Сузана Мицева

4 од 4 за Гевгелиски Кожув, Струмица немоќна

Ване Трајков

Струмичкото дерби за Наковски волеј, Виктори немаше сила за пресврт