Регион

Ветрот корне дрвја и пластеници во струмичко

Ветрот беснее низ струмичкото поле. Откриени посеви, искинати пластеници, се нанесуваат штети на зимските насади во нивите.

„Цела вечер дежураме ама додека не се смири ветрот ништо не можеме ниту да работиме ниту да спасиме. Лошо, имам откриено 12 пластеници“, рече земјоделец за канал Вис.

Силниот ветер почна уште синоќа и во струмичко достигна брзина од 50 километри на час. Откорнати дрвја, искршени табли се само дел од штетите во градот.

„Утрово кога доаѓав на работа, видов дека во дворот на црквата всети Димитриј има откорнато дрво. Вистина, има плитки корења, но сепак огромно дрво е а ветрот го покосил. Веднаш дојдоа овде од пожарната и го исекоа за да не се повреди некој. Чекаме сега да пристигне Комуналец за да ги собере гранките“, изјави очевидец.

Ветрот беснееше и во градот. Корнеше дрвја и носеше најразлични предмети и отпад.

Според синоптичарите, силен ветер ќе има и утре но ќе дува од јужен правец.

Препорачуваме:

Министерот Николовски потпиша нови 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во 20 општини

Ќе се брендира медот што се добива од костеновите шуми на Беласица

Сузана Мицева

39 -та седница на Советот на о. Струмица

Dimitar Micev