• Thu. May 16th, 2024

Верниците ја подготвуваат празничната трпеза- раздвижено во пазарите

На неколку денови пред Бадник и Божиќ, граѓаните почнаа во покупка на намирниците за традиционалната трпеза. Еве каква беше атмосферата на на градскиот пазар Глобал. Купувачи со полни ќеси кори, ореви, трговци со понуда за традиционалната бадниково-божиќна трпеза е денешната слика од градскиот пазар Глобал.

Домаќинките ги почнаа подготовките за Бадник, ноќта спроти Божик, Рождеството Христово. Посните јадења ќе ја украсат празничната атмосфера. Купувачите велат дека трпезата ќе тежи колку што дозволува домашниот буџет, a ќе има од се по малку.

Трговците очекуваат поголема фрекфенција на муштерии веќе од утре.

Според минималните пресметки, сметката за купување на основните празнични намирници секако се движи околу илјада денари, па нагоре.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *