• Sun. May 19th, 2024

Велигденски базар во ОУ „Даме Груев“ – Куклиш, средствата наменети за обновување на училишната библиотека

ByЃ. K.

Apr 25, 2024

Ученици и наставници од ОУ „Даме Груев“ Куклиш организираа Велигденски базар. Тие подготвија украси и прехранбени производи кои беа на продажба во училиштето. Родителите и жителите на село Куклиш имаа можност да купат дел од производите и празнично да ги уредат нивните домови.

Средствата собрани од овој Велигденски базар училиштето ќе ги намени за обновување на училишната библиотека.

By Ѓ. K.