• Tue. May 14th, 2024

Варшава: Русија претставува егзистенционална закана

By

Apr 16, 2016 #Свет

Русија поседува потенцијал со кој може да уништи други земји, па затоа таа претставува поголема закана за светот дури и од џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави синоќа полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски.

  • Руските активности претставуваат егзистенционална закана за другите земји, нагласи Вашчиковски во обраќање на безбедносната конференција ГЛОБСЕК, што се одржа во Братислава.

Како што јавија полските медиуми, Вашчиковски го повика НАТО да распореди дополнителни сили на своето источно крило, најавувајќи дека на претстојниот самит на Алијансата, што во јули ќе се одржи во Варшава, Полска ќе бара да се донесе официјална одлука за засилено воено присуство на Пактот во источна Европа.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *