• Mon. May 20th, 2024

Валандово потпиша договор за соработка со Несебар – ќе се унапредува културата, образованието, туризмот !

ByВане Трајков

Aug 16, 2018

Општините Валандово и Несебар од Бугарија се збратимија и ќе соработуваат на повеќе полиња во интерес на граѓаните од овие две локални самоуправи. Градоначалниците Перо Костадинов и Николај Димитров потпишаа договор за соработка и се обврзаа дека во наредните пет години преку градење пријателски односи ќе ги зајакнат врските од областа на културата, образованието и туризмот меѓу граѓаните и институциите на двете општини

,,Овој договор е во функција на зближување на граѓаните од овие две општини преку разни форми на соработка. Се отвара можноста за културна соработка, реализација на заеднички проекти, искористување на европски фондови, размена на искуства од областа на здравствената заштита, науката, образованието, туризмот и бизнисот. За нас како мала општина овој договор за соработка со Несебар е значаен бидејки не само што ќе имаме пријател туку и ќе имаме партнер за добивање искуство повеќе,, вели граоначалникот Костадинов

Пред потпишувањето на договорот, градоначалниците на Валандово и Несебар разговараа за можните форми на соработка за што ќе се формираат комисии или тела кои ќе имат за задача да ја следат имплементацијата на соработката, со насоки како да се дејствува во иднина , со цел да се зголеми инвестиционата активност во двете локални самоуправи

,, Наша главна цел е да се зближат граѓаните и институциите за да може да разменуваме искуства, да креираме подлога за нови нови деловни бизнис врски, да овозможиме да соработуваат културните и научно образовните работници, да се организира заедничка туристичка промоција на Валандово и Несебар на трети пазри. Договорот нуди можност за преку обичаите и традициите на двата народа да се зајакне врската и на ниво на општини,, потенцираше Костадинов

Несебар е општина во југоисточна Бугарија која излегува на Црното море и брои околу 14 илјади жители. Важи за познат туристички центар каде последниве години интенивно се градат туристички комплекси. Паралелно е општина која има изградено одлични врски со повеќе општини од ЕУ, Балканот но и источна Европа што дава можност за општина Валандово поголема промоција на мегународен план .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *