Регион

В’ четврток, премиера на комедијата Дванаесетта ноќ-ноќ спроти Водици на струмичкиот театар

Струмичкиот театар ја поставува комедијата на Шекспир „Дванаесетта ноќ, ноќ спроти Водици. Режијата е на Деан Дамјановски којшто во оваа комедија работи речиси со цел струмички ансамбл. По речиси двомесечна работа, в четврток претставата премиерно ќе се игра пред домашната публика.

Актерите велат дека работата на дело од Шекспир е предизвик за нив. Комедијата дванаесетта ноќ сметаат дека е адекватна за Струмица како карневалски град, бидејќи во нејзиното дејствие има карневал.

Претставата Дванаесетта ноќ е селектирана и за годинешниот Битола Шекспир фестивал.

Препорачуваме:

Првото авионско прскање против комарци ќе се изврши на 27 јуни

19 годишно момче од Турново утрово почина во сообраќајна несреќа на излез од Дабиле.

Стојне Митева

Со виршли полни отров се трујат кучињата на улицата „Панче Пешев“ во Струмица