• Sun. May 19th, 2024

Брзи тестови за корона вирус утре во Здравствениот дом во Струмица

ByВане Трајков

Nov 16, 2020

Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тетсирање за корона вирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево.

Лаборанти од овие установи мината недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ држават, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот Ковид 19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Свестката здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тетс или антигенски – брз тест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *