• Sat. May 18th, 2024

Брера Струмица одигра без голови со Селимбар

ByЃ. K.

Jul 13, 2023

Прволигашот Академија Пандев Брера Струмица во првиот контролен натпревар од подготовките за новата првенствена сезона одигра без голови против Селимбар. 

И покрај ремито, тренерот Џовано Валенти по мечот изрази задоволство од прикажаната игра на фудбалерите, бидејки како што вели тој веќе се гледа новиот стил на игра.

  • ,,Мислиме дека нашите играчи се во добро расположение и се обидуваат да го играат нашиот стил.  Работевме многу на подигање и сега гледаме дека процесот на учење оди многу добро. Имавме можност да направиме нешто во финишот, но знаеме дека треба да работиме уште многу. Треба да се работи многу, за сè, за целиот тек на натпреварот. Процесот се одвива добро, момците се фокусирани на тренинзите и моето мислење е дека тие се вклопија на еден добар начин, се држат заедно. Изгледаат силно, тренираат напорно и покажуваат сила овде во Банско“, кажа Валенти.

Брера треба да одигра уште три контролни натпревари во Бугарија.

By Ѓ. K.