• Mon. May 13th, 2024

Бразилецот Лео Антонио во дресот на Брера Струмица

ByЃ. K.

Jul 22, 2023

Струмичкиот клуб Брера донесе уште едно засилување, овојпат тоа е 26-годишен бразилски фудбалер, Леонардо Антонио.

„Нашиот сениорски состав се засили со бразилецот Ленорадо Антонио кој е е играч за врска. Станува збор за искусен фудбалер кој во својата кариера има настапувано во повеќе клубови во Бразил а последните четири сезони е на европското фудбалско тло. 26 годишниот Лео во нашиот тим доаѓа од украинскиот Лвив каде одигра една полусезона а претходно настапуваше за литванскиот Џиугас Телсијаи три сезони“, стои во соопштението на Брера Струмица.

By Ѓ. K.