• Sun. May 19th, 2024

Бесплатно ќе се лекуваат лицата до 18 години кои се од социјални семејства

Бесплатно ќе се лекуваат лицата до 18 години а се од социјални семејства.Овие млади лица ќе ги користат здравствените услуги од јавното здравство,специјалистичко консултативни и болнички дејности.Оваа одлука беше донесена на вчерашната владина седница по иницијатива на невладината организација ЛИЛ.

Станува збор за програма која ќе ја спроведува министерството за здравство со која првично ќе бидат опфатени 20 илјади лица и од буџетот веќе се издвоени 20 милиони денари.

Од министерството за труд и социјална политика велат дека се повеќе од свесни сека социјалната заштита сеуште е на ранливо ниво .Со бесплатната здравствена заштита семејствата нема да размислуваат дали да ги однесат децата на лекар , мислејќи прво на парите , а не на здравјето.

Од невладината ЛИЛ кои се иницијатори за оваа одлука денеска не добивме конкретни иформации , колку граѓани од Југоисточниот регион ќе бидат опфатени и како ќе ги дефинираат бројките за определената сума од бужетот на министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *