• Sat. May 18th, 2024

Бесплатен оброк за учениците од социјално-ранливите категории во Општина Гевгелија

ByЃ. K.

Nov 1, 2023

Учениците од социјално-ранливите категории во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија од денеска ќе користат бесплатен оброк. По иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, годинава, околу 50 ученика, чии родители се корисници на социјални услуги, ќе добиваат бесплатен оброк.

Воведувањето на бесплатниот оброк во училиштата за учениците од социјално-ранливите категории има за цел финансиско олеснување на семејствата од социјално-ранливите категории и правилна и навремена исхрана на учениците. Сите ученици заслужуваат квалитетно образование, за што во изминатиот период се реализирани повеќе мерки и активности за правилен раст и развој на нашите деца. Мојата заложба е креирање нови мерки со кои што ќе се обезбедат подобри услови за секое дете, истакна Сарамандов.

Имено, оваа нова мерка се реализира од Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2023 година и во координација со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, за што се обезбедени средства од општинскиот буџет.

By Ѓ. K.