• Sun. May 19th, 2024

Без вода повеќе населени места во О. Босилово поради дефект на главната линија

ByВане Трајков

Aug 25, 2022

Од синоќа поради дефект на главната водоводна цевка кој настана по обилните врнежи од дожд во струмичкиот регион, повеќе населени места во општината Босилово се без вода. Kако што не информираше градоначалникот Ристо Манчев станува збро за населените места кои се на хидросистемот Иловица, но се работи на отстранување на дефектот.

,,Околу 10 тина населени места сеуште се без вода. Екипи на ЈП Огражден од синоќа се на терен и интензивно работат на санација на дефектот. Очекуваме во текот на днешниот ден да се нормализира водоснабдувањето на домакинствата кои се приклучени на хидросистемот Иловица,, ни изјави градоначалникот Манчев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *