• Sun. May 19th, 2024

Археолог од Струмица на научен собир во Белград на тема „Археологијата на смртта“

ByЃ. K.

Apr 1, 2024

Во организација на Центарот за теориска археологија при Одделението за археологија на Филозофскиот факултет во Белград од 29.03 – 31.03.2024 год. се одржа научен собир на тема „Археологијата на смртта“ каде учество зеде Ване П. Секулов – советник археолог од НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица.

На научниот собир се претстави со темата „Оган во кругот“ каде се обработува развојот на фунерарниот контекст на некрополите од Споменичката целина Црвено Поле с. Барбарево, Општина Ново Село, од крајот на I до средината на VI век од навата ера при тоа следејќи го патот на античкото население кое живеело на Црвено Поле до неговата христијанизација.

By Ѓ. K.