• Mon. May 20th, 2024

Аплицирање за субвенциите од мерките на Министерството за економија

Аплицирање за субвенциите од мерките на Министерството за економија.

Министерството за економија објави јавни повици  за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии.

Со јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија е предвидена финансиска поддршка за субвенционирање на 50% од докажаните трошоци за набавка на машини и алати и за фотоволтаични панели.

За оваа намена се предвидени вкупно 30,7 милиони денари, додека финансиската поддршка по еден апликант не може да надмине 400.000 денари.

Доколку фирмата е управувана или основана од жена, тогаш субвенцијата се зголемува за 10 отсто.

Со јавниот повик за субвенции за поддршка на женско претприемништво предвидена е финансиска поддршка за кофинансирање на 80 отсто на трошоците на компании кои се 50% во сопственост или управувани од жени за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор и воведување на софтверски решенија.

За оваа програма во рамки на Буџетот на Министерството за економија се предвидени вкупно 4.000.000 денари, а максималниот износ на поддршка по апликант е 400.000 денари.

Со јавниот повик за субвенции за занаетчии е предвидена финансиска поддршка за покривање на 60% од трошоците на занаетчиите за набавка на опрема и алати како и уредување, односно подобрување на деловниот простор. Максималниот износ на поддршка за еден апликант изнесува 120.000 денари за трошоци направени во 2020 и 2021 годиина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *