• Tue. May 14th, 2024

Анализа- Академија Пандев во Европа, Беласица во втора лига

ByВане Трајков

May 30, 2019

Академија Пандев во Европа, Беласица во втора лига. Догодина во фудбалската елита ќе нема два струмички прволигаши ниту пак градско фудбалско дерби. Вака накусо може да каже за последната првенствена сезона чија завеса се спушти вчера по што се познати сите дилеми. Кој е Шампион, кој излегува во Европа, кој отпаѓа, кој ќе се бори за опстанок

Шкендија е новиот Шампион. Импресивна статистика за тимот од Тетово кој уште од првиот круг мечеви,, нагази” и не се одлепи од врвот на табелата. Вардар втор додека Академијата на Горан Пандев е трета во шампионатот. Овие три екипи заедно со Шкупи  со право за настап во фудбалска Европа. Беласица заедно со Победа од Прилеп се селат во Втора лига, каде друштво може да им прави и Силекс ако не успее во баражот.

Пандевци се најпријатното изненадување ова сезона. Втора година како прволигаши а стасаа и до Европа и до првата КУП титула. Четата на Југослав Тренчовски   17 пати се радуваше, во 12 меча заминуваа со наведнати глави а во 7 дуели ремизираа што на домашен што на гостински терен. Играа променливо и во Турново и во Струмиц и се покажаа како тим кој не се предава.

За разлика од нив Беласица киксна. Не успеа да го задржи прволигашкиот статус на кој чекаа цели 12 години. Дека тешко ќе одат работите се виде во почетните неколку кола. Лошите резултати се редеа заради што прв на отстрел беше српскиот стратег Марјан Живковиќ. Раде Цеицмиловиќ го превзеде бродот но кусо. На сцена стапи Ѓоко Хаџиевски но ниту тој не донесе исчекор. Под негова палка  дојде поразот од Силекс и ремито со Победа клучните натпревари поради кои синобелите отидоа во Втора лига

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *