• Sun. May 19th, 2024

Амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние на средба со градоначалникот на Струмица

Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние.

-Освен за односите на двете држави, кои беа оценети како пријателски со заеднички желби за унапредување на напредокот кој што Република Северна Македонија го покажа во последните три години, на средбата се разговараше и за реализација на општински проекти преку француската Агенција за развој од областа на животната средина, урбанизмот и образованието, информираат од општина Струмица.

Градоначалникот Јаневски ги потврдил желбата и капацитетот на Општината за реализацијата на проекти, кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *