• Sun. May 19th, 2024

Александар Стојанов повторно тренер на ФК Беласица

ByЃ. K.

Dec 8, 2023

По сезона ипол Стојанов повторно се враќа како главен тренер на ФК Беласица.

Под негово водство во сезоната 21/22 ФК Беласица беше чекор до пласман во прва лига каде што во баражот беше поразена од ФК Скопје.

Во моментот тој беше координатор на младинската школа каде што со успех ја водеше низ оваа полусезона, а оваа функција паралелно ќе продолжи да ја извршува и во иднина.

Исто така тој е и единствениот тренер на ФК Беласица кој е носител и на Про Диплома.

By Ѓ. K.