• Mon. May 13th, 2024

Академија Пандев прволигашките дуели ќе ги игра на Младост, ќе го сефтоса в недела против Скопје во 17 часот

????????????????????????????????????

Решени се дилемите. Новиот фудбалски прволигаш ,,Академија Пандев,, натпреварите  пред своја публика ќе ги игра на стадионот ,,Младост,, во Струмица, дознава ВИС СПОРТ. Според нашите информации постигнат е договор меѓу раководството на Академијата и концесионерот на стадионот за соодветен паричен надоместок,  дуелите од Прва лига да ги играат на ,,Младост,, се до изградбата на спортскиот комплекс ,,Пандев,, кај салата Парк .

За ваков договор според информациите на ВИС СПОРТ инсистирала и општина Струмица која посредувала да се најде соодветно решение, во интерес на сите лубители на фудбалот, да има прволигашки фудбал на ,,Младост,, каде деновиве се поставуваат дополнителни трибини .

Од Академијата потврдија дека прволигашките натпревари ќе ги играат во Струмица иако беше во игра и стадионот Кукуш во Турново.  ,,Пандевци,, на Младост ќе заиграт веќе во недела каде во рамките на 2 коло го пречекуваат тимот на Скопје. Премиерата пред своја публика како прволигаши ќе ја имаат во 17 часот

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *