• Sat. May 18th, 2024

Автомобил излетал од патот кај Гевгелија, 28-годишна девојка е тешко повредена

ByЃ. K.

Oct 18, 2023
SONY DSC

На 17.10.2023 во 11.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

By Ѓ. K.