Спорт

А. Пандев и Кожув продолжуваат, Беласица, Турново и Плачковица елиминирани од КУПОТ

Пандевци со победата од 6:0 во Драчево-Скопје против ССК Нова го продолжуваат натпреварувањето од фудбалскиот КУП на Македонија. Во рамките на 16 финалето од ова натпреварување новиот струмички прволигаш немаше проблеми против третолигашот и беше сигурен во победата. Победа и продолжување во Куп натпреварите обезбедија и гевгелиски Кожув кој во пенал завршницата го елиминираше Новаци од Битола.

Беласица не успеа да се спротистави на актулениот КУП победник Пелистер. Во Турново новиот второлигаш струмичките синобели беа поразени од 3:1. Пораз претрпеа и турновци во Тетово од Тетекс со 2:1 а елиминација од Купот на стартот доживеа и радовишка Плачковица од прилепска Победа со 4:0.

Оваа есен ќе се играат осминафиналните натпревари од Купот а двојките ќе се знаат откако ќе се одиграт сите 16 финални натпревари

Препорачуваме:

Академија Пандев мета на турските медиуми, формата на фудбалерите во нагорна линија

Ване Трајков

Јокич ја спаси Струмица од пораз во драматична завршница со Пелистер

Ване Трајков

Струмица домаќин на меѓународен кошаркарски турнир

Ване Трајков