• Wed. May 15th, 2024

Земјотрес во Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, 7.10.2022 година, регистрираше земјотрес 132 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 14 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *