• Wed. May 15th, 2024

Компании зеле државна помош не дале плати

Четири струмички компании зеле државна помош не дале плати. Според списокот на УЈП, на листата се најде и фудбалскиот клуб Беласица од Струмица. Останатите се компании од најразлични трговски дејности.

Државна помош зела, а не дала плати и една фирма од Босилово, три од Гевгелија, една од Богданци.

Со тоа, бројот на компании кошто зеле државна помош не дале плати во регионот достигнува 9.

Владата ја објави листата на фирми кои добиле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените во декември.

Најголем дел од фирмите се од дејноста дејноста трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна и градежништво.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска предупреди доколку фирмите не ги исплатат парите ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.

И претходните месеци УЈП објавуваше фирми кои направиле злопупотреби.

Финансиската поддршка за исплата на плата за април и мај не ја испочитувале над 20 фирми од овој регион. Компании од Струмица, Радовиш, валандово и Гевгелија зеле пари од државата за исплата на плати во време на корона – кризата, но не им исплатиле на своите вработени. 

Управата за јавни приходи откри милиони евра злоупотреби со државната помош за исплата на минималецот од 14.500 денари. Стотици компании зеле државна помош не дале плати.

Дел од сопствениците на 708 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Околу 3.750 компании, пак, им исплатиле на вработените помалку од минималецот.

Петти пакет мерки државна помош

Во моментов државата го подготвува петиот пакет мерки за помош. Целта е да се намалат последиците од корона-кризата. Државата најавува дека ќе се делува во сите сектори. Намерите се да се зачуваат работните места на граѓаните. Но, за одредени сектори како туристичкиот, важно е да се понуди континиурана помош. Тие велат дека последнава година немале никаква работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *