• Mon. May 13th, 2024

Здружението на историчари бара враќање на Историја за шестто одделение

Здружението на историчарите на Македонија бара да не се изучува предметот Историја во наставните програми за шестто одделение интегрирано со предметите Географија и Граѓанско Општество.  Од таму сметаат дека новата Концепцијата за основно образование.штетна и брааат да се стави мораториум.

– Како Здружениена историчарите на Република Македонија, чијашто повеќе од седумдецениска дејност меѓу другото е насочена кон развојот на македонската историографија и унапредувањето на квалитетот на наставата во македонската историја, потсетуваме дека многупати и тоа во повеќе форми, јавно предупредивме на негативните импликации од крајно избрзано донесената Концепција за основно образование, која што беше целосно отфрлена од сите релевантни научни и високообразовни институции, стои во реакцијата.

Од Здружението велат дека одбиле да учествуваат во подготовката поради спорната нова Концепција.

– На тој начин го изразуваме категоричното противење што со Концепцијата е укинат предметот Историја (воведен во македонската држава од АСНОМ), за сметка на погрешно конципираниот и новоконструиран предмет „Историја и општество“, во кој вештачки се интегрирани предметите историја, граѓанското образование и географија. Досегашната практика на примената на Концепцијата, недвосмислено ги потврдува нашите претходни оценки дека историјата се маргинализира и деградира, со што се оневозможува суштинското согледување на минатото, од што зависи и иднината на македонската држава. Особено што во Европската унија, каде како демократска држава припаѓаме и чиишто фундаментални вредности ги споделуваме, во суштина историјата како предмет го дефинира идентитетот и свеста за припадноста кон нацијата, се наведува во реакцијата.

Од таму стравуваат дека и работни места се доведени во прашање поради кратењето на бројот на часови по историја, како што велат, поради непромислените новоконципирани наставнипланови и програми, со што во крајна линија се ревидира и содржината на македонската историја.

– Предупредуваме дека повторувањето на досегашната практика на избрзано донесување на нови наставни програми за историјата во последен момент, а во конкретниот случај за наставната програма за VI одделение за вештачки конструираниот предмет „Историја и општество“, од што ќе треба да произлезе и експресната подготовка на новиот ревидиран учебник, ќе предизвика крајно штетни последици за македонскиот образовен систем, на што најостро ќе реагираме!, велат историчарите

Тие бараат од Министерството за образование и наука да стави мораториум на Концепцијата и под итно да организира широка јавна дебата.

– Усвојувањето на новата Концепција, ќе мора да го одразува научниот, академски и општествен консензус. Само на овој начин, ќе може да се промовира квалитетот во македонското образование, од што ќе произлезат наставни програми и учебници кои ќе бидат на потребното научно и академско ниво, во интерес на учениците, родителите, граѓаните и на државата, а не подредени на задоволување на моменталните политички цели, порачува Здружението.