• Mon. May 20th, 2024

Започна турнирот во одбојка во Нова Маала

Започна традиционалниот турнир во одбојка во Нова Маала, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Во наредните неколку дена Нова Маала ќе биде место за дружење и спортски натпревари“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по повод стартот на традиционалниот турнир во одбојка, кој се одржува во населеното место Нова Маала, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – селска слава во ова населено место.

На турнирот се натпреваруваат вкупно седум екипи и тоа по една од населените места Сушево, Добрашинци, Злеово и Муртино и три екипи од домаќинот, населеното место Нова Маала. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 40 000 денари.

Турнирот започна на 23.08.2022 година, натпреварите се играат на одбојкарското игралиште во Нова Маала, со почеток од 20,30 часот, но поради специфичните временски услови, термините не можат прецизно да се утврдат, односно деновите во кои ќе се играат натпреварите и кога ќе заврши Турнирот,  најмногу зависат од временските услови.

Главен покровител на турнирот е  општина Василево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *