• Mon. May 20th, 2024

Заев: Вкупно 74.000 денари ќе ја чинат државата авганистанските бегалци

Премиерот, Зоран Заев, потенцира дека вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава.

„74.000 денари најверојатно, затоа што сместувањето на луѓето, исхраната, сѐ што треба за таквите луѓе, кои што верувам дека овие денови ќе стигнат. Верувам дека ќе стигнат граѓани кои се миротворци и активисти за човекови права, жени, деца, луѓе кои влијаеле на демократијата и биле асистенти и на нашата армија“, истакна Заев.

„Зошто се определивме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасиме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партнери да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност“, рече Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *