• Wed. May 15th, 2024

За 93% помалку болни од грип

За 93% помалку болни од грип

За 93% помалку болни од грип. Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 539. Ова претставува 92,5 % помалку во споредба со истиот период лани. И 94,5 % помалку во однос на типичната сезонска крива.

Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи). А највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Во петтата недела од 2021 година пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип. Се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Во Република Северна Македонија, заклучно со петтата недела, вакцинирани се вкупно 39.488 лица против сезонски грип. Вакцинирани се вкупно 28.922 лица со бесплатна вакцина. А 10.566 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

„За 93% помалку болни од грип. Мерките за заштита од Ковид-19 придонесоа за намалување на бројот на заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување“, соопшти Министерстото за здравство.

Кон крајот на јануари овој процент изнесуваше 73%.

Вакцинацијата против сезонскиот грип годинава започна со задоцнување. Наместо во октормври како што првично најавуваа здравствените власти  – започна на 11 ти ноември , а на големи проблеми со закажувањето, термините но и бројката на вакцини се жалеа и пациентите и матичните лекари.

Инаку, до 2 јануари годинава, во Струмица немаше регистиран ни еден случај за заболен од грип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *