• Tue. May 14th, 2024

Втора недела штрајк во образованието

Штрајкот на вработените во образованието и во градинките влезе во својата втора недела, откако и вчера не падна договор помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Претседателот на СОНК Јаким Неделков информираше дека од Владата добиле усна понуда за зголемување на платите за 10 проценти со ребалансот на буџетот во мај или јуни, што воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството.

Неделков вчера изјави дека над 95 отсто од синдикалните организации се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда. Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто, а за тоа дали може да се намали прагот ќе одлучува членството.

Членовите на СОНК сметаат дека надлежните во преговорите кои траат два месеца реално не дале никаков конкретен предлог на доставените писмени барања од страна на СОНК.

Покрај Барањето за усогласување на платите по основ на покачување на минималната плата, Советот на СОНК доставил и други барања поврзани со
склучување на нови колективни договори, за коишто воопшто не било преговарано.

Членовите на СОНК велат дека им е жал за непријатностите со кои се соочуваат родителите, но уште еднаш ги повикаа на разбирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *