• Sat. May 18th, 2024

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

By

Jun 20, 2021

Уште еден пациент со индиски сој на вирусот Ковид-19 е регистриран во државата. Во меѓувреме, македонските државјани вчера масовно заминаа за вакцинирање во Србија, а на сила стапија и новите правила за патување во Грција, кои дозволуваат да се патува и со негативен рапид (брз) тест.

Индискиот сој на вирусот Ковид-19 е регистриран кај пациентот кој бил на работа во Ирак – колега со првооткриениот случај со овој мутиран сој во државата. Пациентот не е во ризик, неговата состојба е под контрола.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера напомена дека епидемиолошките анкети кои се правени покажале дека не постои ризик, а со тоа и некаква потреба од некакви дополнителни мерки.

Тој уште еднаш потенцираше дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход дури и од таква мутирана форма на вирусот.

-Стравување од индискиот сој или таква некоја евентуална нова форма на мутација која што може да биде позаразна од сегашните постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход дури и од таква мутирана форма на вирусот. Кон крајот на месецов во С.Македонија ќе пристигнат поголеми количини на вакцини, рече Филипче.  

извор:https://24info.mk/%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D1%98-%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *