• Tue. May 21st, 2024

Војникот со јужноафрикански сој стигна на Инфктивна

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката, д-р Милена Стевановиќ, нѐ информира дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам бргу да оздрави. Благодарни сме им на Инфективната клиника и на сите што учествуваа во медицинската евакуација“, напиша Шекеринска на „Фејсбук“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *