• Sun. May 19th, 2024

Во Владата започнува дијалог за зголемување на пензиите

Во Владата попладне ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.

Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економнски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.

– Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите, велат од Владата.

По завршување на состанокот најавени се изјави пред главниот влез на Владата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *