• Sun. May 12th, 2024

Во Струмица сончево и топло со температури до 19 степени

Во Струмица сончево и топло со температури до 19 степени. Ваква е прогнозата на управата за хидрометереолошки работи за денеска.

И во останатите градови времето денеска ќе биде сончево и потопло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје сончево, со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени.

До сабота ќе преовладува сончево и потопло време. В недела ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон понеделник повремени локални врнежи од дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *