• Wed. May 15th, 2024

Во Струмица се делат канти за селекција на отпад

Денес во Општина Струмица започнува реализацијата на проектот “Еко паметни општини“ спроведен од “Центарот за климатски промени – Гевгелија“, а финансиран од Американската амбасада во нашата држава, објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

Од 09:00 часот наутро ЈПКД „Комуналец започна со делење втора канта за смет на струмичките домаќинствата со цел – селекција на отпад од пластика и лименки. На почетокот ќе бидат опфатени 2 градски Реони и согласно динамиката за реализација, наскоро канти за селектиран отпад ќе добијат сите домаќинства во Општина Струмица.

Кантите за смет ќе се делат бесплатно, а сите ние како одговорни граѓани пожелно е правилно да ги користиме за селекција на отпад од пластика и лименки