• Sat. May 18th, 2024

Во Струмица ќе се одбележат Деновите на италијанската кујна

Овој ноември во Струмица ќе се одбележат Деновите на италијанската кујна. Ова го најави градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, во саботата за време на отворањето на 23 Тортијада.

Костадинов најави дека овој настан кој е во светски размери ќе има свое одбележување и во нашиот град и дека на него свое учество ќе имаат и лица со телесен инвалидитет.

Недела на италијанска кујна во светот, која се одржува од 16  до 26 ноември, е настан од светски рамки, организиран под покровителство на италијанското Министерство за надворешни работи, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија под единственото лого “The Extraordinary Italian Taste”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *